Аплаузи и овации за хорот по настапот со „Дојди во Охрид“
Неодамна на 28.„ Охридски староградски средби“ градскиот хор при Центарот за култура „Григор Прличев“ VOX LYCHNDIOS ја изведе композицијата „Дојди во Охрид“ чиј автор на музиката и текстот е Енвер Рашити а хроскиот арнажман е дело на Бурим Хидри, раководител на хорот.
Претходно оваа композиција премиерно беше изведена на годинашниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“. Петар Нечоски за изведбата на „Дојди во Охрид“ ја доби наградата за најдобра интерпретација на фестивалот.
Публицитет.мк