Пред голем број граѓани во еуфорична атмосфера синоќа свечено беше отворена Канцеларијата за граѓаните на д-р Митко Тилевски.
Д-р Митко Тилевски, човек од народот и за народот, секогаш меѓу граѓаните.
Остануваме отворени со народот и охриѓани, ние ја имаме одговорноста да ги слушнеме и да најдеме одговор и решенија за нив. Како што го посетуваме секое мало, секоја улица и куќа и им објаснуваме така со оваа Канцеларија секогаш сме на првата линија во комуникацијата со граѓаните. Секој ден од 10 до 21 часот секој еден граѓанин може да се обрати со свои идеи, предлози, проблеми, пофалби, критики односно за сже она што му е потребно.
Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните. Така ќе ги јакнеме и демократските капацитети на Охрид. Нека биде со среќа!
Додека нашите противници уверуваат дека зборот бил збор, ние велиме дела, а не зборови.
Граѓаните тоа ќе го препознаат, ќе ја видат таа нескршлива волја да се создава и да се помага. Затоа на 15 октомври – победа уште во првиот круг, за нова ера за Охрид!, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Публицитет.мк