Бојан Танески од Охрид е прв Македонец кој создава NITZHO GOA TRANS музика.
Тој пред година ипол го издаде првиот албум наречен – МISTЕRYLAND за белгиската продукција- SITA RECORDS.
ЦД –то содржи 9 комплетно негови композиции. Стилот на песните кои ги создава Бојан е мелодичен и динамичен, содржи специфични етно звуци и вокали кои се проткаени низ овој правец на музика,што пак го прави уникатен. Уште ги собира плодовите од тој албум промовирајќи го на сите свои настапи.
Бојан деновиве се врати од Турција. Таму настапи на фестивалот Back to nature festival – Враќање кон природата во Камилкој-Кастро. Искуствата му се многу позитивни и секако секој настап му отвора нов пат.
-Ова лето настапував и во Хрватска на Balkan Goa Fanatics Festival и во Романија на Transilvaliens Festival. Задоволен сум, работев се претставував себеси но и Македонија. Летово често ме покануваа на забави низ Македонија за јас да бидам тој којшто ќе ги забавува. На пример: во Куманово, Скопје, Миравци…, вели, Бојан Танески кого во светот го препознаваат по уметничкото име Zopmanika.
Публицитет.мк