Кружните туристички тури низ Балканот носат се повеќе гости и во Охрид.
Најчесто тоа се авантуристи и уметници од Јапонија, Кина и Турција, но ги има и од други земји.
Деновиве Публицитет.мк имаше можност да се сретне и да забележи група од над 20 гости од Хонконг – Кина кои само два дена престојуваа во Македонија и ги посетија Охрид и Скопје.
-Најголем дел од членовите на групата се уметници кои патуваат собираат инспирација и потоа сликаат. Дел од нив со години во соседна Србија заради една приватна брачна врска организираат изложби и таму. Од Македонија, посебно од Охрид се импресионирани, ни рече нивниот туристички водич Јордан Коцевски.
Од кусите – блиц разговори дознавме дека најголем дел од нив сакаат да дојдат повторно во Охрид и тоа на подолго време, пред се’ поради природата и културното наследство и реликвиите.
Фотографиите се за спомен од средбата со нив пред катедралната црква Св. Софија .
Публицитет.мк