Охриѓанецот Кире Хајба на 9 март во Амстердам – Холандија ја отвори својата прва самостојна изложба на уметнички фотографии под наслов “If We Could Fly” (“Доколу можевме да летаме”).
Хајба,со нас од Публицитет.мк ги сподели емоциите по отворањето на фотографскиот проект и кусо ни рече: -Моите фотографии се огледало и одговор на секојдневната зафатеност, трката за живот, пари и егзистенција кои ги засенуваат секојдневните мали моменти, моменти кои го прават животот посебен и интересен!
Дел од изложените фотографии
Фотографиите претставуваат портрети фотографирани на различни локации од светот во кои објектот е фотографиран во дел од секунда, доживувајќи го ефектот на лебдење и пораката дека секој момент од животот е подеднакво значаен, вели Хајба.
Кире со сопственичката на галеријата Либија Боскер.
Кире по професија е информатичар и од пред пет години живее во Амстердам.Неговите фотографии и’ се допаднале на Либија Боскер , која е професинален фотограф и сопственик на галерија во Амстердам и така тргннал патот до неговото уметничко претставување.
Кире со братот Јосип и мајка им Верица во Амстердам
Веќе 8 години фотографирањето му е хоби и фотографира портрети, патувања и авантури.
Повеќе од неговата работа може да се погледа на неговиот инстсграм www.instagram.com/kirehajba
Или на неговата веб страна: www.kirehajba.com/ifwecouldy
Изложбата во Амстердам на отворањето предизвика голем интерес а ќе биде отворена до 26 март.
Публиоцитет.мк