• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Каролина Гочева

март 10, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Каролина Гочева

Каролина Гочева е македонска поп дива. за неа се знае речиси се’. Но сепак:

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 во Битола. Таа 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.  Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал “Си-До” во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната “Мамо, пушти ме”.

Со клик на линкот слушнете го аудио интервјуто. Со Каролина разговараше Милчо Јованоски.

28276771 1963821816992277 6753962562797766313 n

На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната “Кој да ти каже”. Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија.

28576113 1972218369485955 6821092577002122424 n

Во 1996 учествуваше со песната “Ма, ајде кажи ми” и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со “Украдени ноќи” и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум “Јас имам песна”. Од овој албум излегоа хитовите “Сакај ме”, “Без оглед на се” и “Немир” која ја испеа во дует со Тоше Проески.

Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и “За нас” која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.

28468130 1960565867317872 1556085698077394177 n

Сега зад себе има веќе 9 студиски албуми, безброј спотови и концерти во и надвор од Македонија. Неодамна почпна концетнта промоција на нејзиниот најнов албум „Извор“ . Од ден во ден седум концерти во Македонската опера и балет. Синоќа беше и концертот во Охрид.

По прес конференцијата во Охрид Каролина прифати да биде дел од веќе култниот аудио серијал со интервјуа МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ на Публицитет.мк

Во интервјуто ја прашавме Каролина:  Што се промени кај неа од првото појавување на сцената со „Мамо, пушти ме“ до денес, а што остана исто?

За впечатокот од тоа дека  бракот како да и’ даде сигурност и спокојност. А таа, кусо рече: –  Искрено претходно приоритет ми беше работата, така беа поставени работите. Секој има различен животен пат. Точно дека се чувствувам, спокојно мирно, опуштено. Не мислам дека бракот треба нешто посебно да промени, баш напротив, мислам дека работите треба да останат исти, партнерите да се надополнуваат еден со друг

 Дали по два избори за Песна на Евровизија би имало и трет?  Одговори и на нашите стандардни прашања: Се потисоветуваат или не нејзиниот живот и свет и што би сакала да ни каже на пример по едни добри пет години на нашата нова заедничка средба?

28058743 1958917164149409 3379017283253228947 n

 На разделба ни рече дека сака и концертот во Охрид да помине така како и претходните седум во Скопје. И така бидна.

Охрид, синоќа уште еднаш докажа дека е жеден за добра музика и забава. Каролина Гочева одржа одличен концерт за пребирливата охридска публика.

Песните од новиот албум „Извор“ илјадната публика во Спортската сала „Билјанини Извори“ ги пееше во еден глас со Гочева и нејзиниот одличен пратечки бенд составен од 10 фантастични музичари. Николче Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а стиховите за девет од нив ги напиша Весна Малинова, а еден Весна Бејби Петрушевска.

 

 

Во вториот дел од концертот Каролина се претстави и со неколку нумери од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, кои исто така беа одлично прифатени од публиката.

 

28576430 1970084026366056 8958750857116912413 n

Концертот беше во организација на FEEL Продукција и беше официјална охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева.  

Фотографии: Официјален фејсбук профил на Каролина Гочева – фотограф: Стефан Рајхал  и FEEL продукција од Охрид.

Милчо Јованоски, Публицитет.мк

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Крушево беше домаќин на Регионалниот натпревар по физика за основни и средни училишта

Next Post

Кире Хајба среде Амстердам се претстави со самостојна изложба на фотографии

Next Post
Кире Хајба среде Амстердам се претстави со самостојна изложба на фотографии

Кире Хајба среде Амстердам се претстави со самостојна изложба на фотографии

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk