Оваа недела се определивме да ви претставиме уште еден редовен читател на „Публицитете.мк – тоа е Кирил Јанески од Охрид.
Нему фотографијата му е хоби. Во градов го познаваат како поранешен, искусен актер- аматер во Охридскиот театар, често е статист во речиси сите македонски филмови, а работи и во организацискиот дел на снимањето на филмовите со повеќе македонски продуцентски куќи.
Повозрасните, Кирил го паметат како успешен фудбалер и кошаркар а сега покрај фотографијата хоби му е планинарењето.
Токму на неговиот фејсбук профил доминираат фотки од природата, почнувајќи од убавините на Галичица, цвеќињата, езерото…
Искрено тешко беше да се определиме од купот фотографии што да одбереме. Во рубрикава, за жал има место само за една и во мигов не сме сигурни дали ја одбравме најдобрата од многуте најдобри.
Но, сигурно наскоро фотографиите на Кирил пак ќе ги има на Публицитет.мк.
Почитувани, уште еднаш ве покануваме да соработувате со нас во оваа рубрика и да ни помогнете во нејзиното креирање.
Публицитет.мк