Околу 230 милиони долари ќе бидат потрошени на изградба на мост кој ќе го поврзува рускиот главен град Благовјешченск со кинескот град Хејхе.
Тоа го изјавил извршителот на должности гувернерот на рускиот Амурски регион Александар Козлов.
Во Кина на 3 септември се потпишани два договори-договор за изградба на патен мост преку реката Амур и спогодбата за изградба на жичара која ќе ги поврзе рускиот град Благовјешченск и кинескиот град Хејхе“, рекол Козлов.
Кинеските власти инвестирале околу 87 милиони долари во проекти, а парите се наменети за изградба на делови од мостот и жичарница на кинеска територија.
Путин, говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток, нагласил дека развојот на инфраструктурата ќе биде еден од главните приоритети на рускиот Далечен исток.
Според Путин, регионот ќе стане еден од клучите центри на рускиот социјално-економски развој и мора да биде ефикасно интегриран во брзо развивајќи азиско-пацифички регион.
Извор: Фактор.мк