Народна Република Албанија и Социјалистичка Република Македонија се дел од минатото и историјата, оттука сигурно не сме првите кои предочуваме дека на оваа табла пред да заминете кон граничниот премин Свети Наум одамна не и е тука местото.
Но таа стои скоро три децении и како никому да не му пречи. Најверојатно не е ниту единствената.
Време е некој вистински да се сети и да го стори тоа што е неминовност и на патниците кои транзитираат кон соседна Албанија да им ја даде вистинската информација. Можеби се мисли дека и не е некоја голема грешка, но мора да се води нели сметка за се’ па и за вистинските информации на вистинско место.
И на овој начин го градиме или разградуваме имиџот на Македонија.
Време е таблата да замине во историјата.
Публицитет.мк