По 16 дена луда забава вчера во Минхен заврши 182 -от Октобарфест – фестивал на пивото.
Оваа манифестација стара над два века е заштитен знак за Баварија и според слободни проценки годинава ја посетија над 6 милиони гости.
Проценките се дека тамошната економија ќе има чиста заработоувачка од околу 1 милјарда евра.
Пивото во неограничени количини и познатите германски колбаси беа најбараните, најпродаваните производи.
Првиот Октобарфест се одржал во 1810 година во чест на венчавката на престолонаследникот Лудвиг со принцезата Тереза.
Благодарение на начиот читател – соработник Климе Белкоски, еве Публицитет.мк ви нуди една фалерија од фотографии направени вчера во Минхен, неколку часови пред затворањето на манифестацијата.
Публицитет.мк