Oд 3 јули до 25 август карате доџо ,,Самурај“ од Охрид ќе организира бесплатната летна карате школа.
Тренинзите традиционално веќе 4-та година по ред ќе се одржуваат на плажата кај хотел ,,Далјан,,(до Извиднички камп). Зошто токму на плажа? Затоа што тука се среќаваме со 3 видови на подлога кои што се различни од оние што преку година ги користиме во сала , односно тука имаме водена подлога односно тренинг каде го користиме отпорот на водата, па песочна подлога и тревна подлога, додека во сала имаме дрвена подлога и татами.
Сите овие површини имаат свое значење во унапредувањето на карате вештината. Ние сме сведоци на голем број на семинари кои се одвиваат во Охрид каде што една од причините е и можноста за тренинг во вода, на песок и трева(последните два може да ги има секаде , меѓутоа тренинг на вода само на места покрај езеро или море), значи некои буквално плаќаат за да ги користат тие придобивки.
Ние имаме среќа да живееме тука , па зошто и да не ја искористиме таа предност.Сите оние кои што сакаат да вежбаат или првпат да се сретнат со карате вештината , може да не најдат секоја среда и петок од 08:30-09:30 ч. , на плажата кај хотел ,,Далјан“, вели инструкторот Ѓоко Томовски.
Публицитет.мк