Клаудија Кардинале, легендарната италијанска актерка, е лауреат на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 39-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, соопшти Дирекцијата на на фестивалот …
Филмската дива ќе пристигне во Битола, каде што ќе ѝ биде врачена наградата. Фестивалот годинава ќе се одржи од 22 до 29 септември, а ќе бидат одбележани два филмски јубилеи: 100 години од раѓањето на големиот режисер Ингмар Бергман и 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“.
Извор: www.kultura.gov.mk