Манифестацијата „На зајдисонце“ синоќа беше првиот подиум за младите охридски музичари, средношколците Климент Христов – вокал и гитаристите Филип Неделкоски, Лео Спасески и Игор Димески.
Четирите момчиња со својата свирка и изведби на неколку македонски и светски евергрини ја добија потребната поддршка од публиката. Тоа беше нивното огнено крштевање и влегување во светот на музиката. Млади, полетни и амбициозни, за „Публицитет.мк“ изјавија дека имале малку трема,ама публиката со аплаузите и отворените симпатии направила таа да исчезне. Освен што се добри другари, одлични ученици и ги поврзува музиката- четворицата имаат и други преокупации во животот.
Им посакуваме безимените, наскоро да си најдат име за бендот и да им тргне кариерата. По официјалниот настап момчињата само иницијативно се дружеа со туристите и мештаните на плажата, а кај бунарот уште еднаш имаа свирка за своја душа.
Публицитет.мк