Пет одбрани членови на Клубот на акцијаши „ Брег на младоста“ од Охрид утре- сабота заминуваат на Младинската работна акција „Краљево 2015“.
Според зборовите на Зоран Стевоски поранешен долгогодишен акцијаш и еден од основачите на Здружението „ Брег на младоста“ тие ќе бидат дел од прекрасната акцијашка бајка.
Во Краљево на акцијата која ќе трае до 23 август се очекува да учествуваат околу 100 младинци од пет земји: Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Оваа година, претходно акцијашите од Охрид беа во Зеница, Кикинда и Ниш а во Охрид во средината на мај се одржаа тридневните акцијашки средби на кои учествуваа поранешни акцијаши од Белград, Скопје и Куманово.
Акцијашите дружејќи се и потсетувајќи се на минатото се ангажираа околу расчистување на дел од плажите во пресрет на Денот на Охридското Езеро. Клубовите „Акцијаш“ од Белград и „Брег на младоста“ од Охрид потпишаа декларација за збратимување и соработка.
Публицитет.мк