Гунар Гарфорс до 2008 година имал посетено 85 земји, но не му било доволно.
Тој донел одлука да ги посети буквално сите земји во светот, вкупно 198. Својата цел ја постигнал во мај 2013 година и со тоа ја добил титулата на најмлада личност која ги посетила сите земји на 37 години.
По тој повод ја има напишано книгата „198: Како останав без земји за посетување“ и направил веб страна, на која ги опишал своите патувања. Иако е вработен во норвешка телевизија, сепак не сакал да даде отказ и работел паралено со патувањата.
Во продолжение, погледнете мал дел од богатата архива на неверојатни фотографии кои ги направил Гунар од своите патувања.
Извор: Репортер.мк
























