Оваа недела решивме да ви ја претставиме познатата фотографка Славица Панова од Струга.
Панова е родена 1980 година во Струга , а таму живее и денес. Дипломирала на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Таа е сопруга и мајка на 20 месечниот Кристијан.
Со фотографија се занимава повеќе години и добитничка е на многу награди и признанија. Зад себе има две самостојни изложби и многу групни во и надвор од Македонија.
Во мигов Панова ја подготтвува својата трета самостојна изложба . Нејзините прекрасни фотографии ќе патуваат во Онтарио, Канада .