Ова лето бескрајна е играта на сонцето и облаците, а тоа е честа инспирација за вљубениците во фотографијата да ја покажат својата умешност и уметност, во која ние обичните гледачи уживаме.
Таква е и фотографијата за која се одлучивме да е наше ФОТО НА НЕДЕЛАТА а автор е доктор Лазар Коњановски од Охрид.
Споделувајќи ја фотката на социјалните мрежи д-р Коњаноски кусо напишал: – Кога ние фотографите си посакуваме „имај добро светло“, тогаш мислиме на ова.
Публицитет.мк