Оваа недела – нова фотографија. Публицитет.мк од самиот почеток преку оваа рубрика го промовира Охрид и убавото езеро. овој пат тоа го правиме преку фотката на Петар Боев од Охрид.
Случката е денешна , како и изијавата и фотографијата на нашиот Боев:
-Бев семејството на плажата Ехо под Канео… На зајдисонце наеднаш се наоблачи и почна да врне и се се’ “пожолти” . Кругчињата на површината од езерото се капките дожд кои паѓаа во езерото. Беше навистина убаво и несекојдневно. Фотографирав со мобилен, да има апарат ќе беше уште поубаво. Важно го фатив мигот, вели за Публицитет.мк познатиот охридски фотограф Петар Боев.
Петар ни испрати и кусо видео од оваа временска – промена.
Публцитет.мк