И во месец август на филмското платно се очекува премиерното прикажување на неколку интересни филмски остварувања од сите жанрови.
Сепак ,бидејќи е лето ,филмските продуценти вообичаено во овој период пласираат и неколку потенцијални блокбастери кои со својата заработка би требало да ја поправат „ крвната слика “ на филмаџиите. Еве неколку интересни филмски наслови кои веќе од 7.август би требало да ги запоседнат кино салите во САД но и низ светот.
ФАНТАСТИЧНА ЧЕТВОРКА
Според најавите ,потенцијалниот блокбастер „Фантастичната четворка“ во кино салите во САД и низ целиот свет ќе започне да се прикажува од 7.август. Се работи за акционен научно фантастичен филм во режија на Џош Тренк во кој главните улоги ги толкуваат:Милес Телер,Кејт Мара, Мајкл Џордан,Џејми Бел,Тоби Кебел,Тим Блејк Нелсон ,Арон Вилијамсон…
Четворица млади аутсајдери ќе бидат телепортирани во алтернативен и опасен универзум.Таму ,тие доживуваат неверојатна физичка трансформација.Сега,тие мораат да научат како да ги контролираат своите новостекнати способности како би можеле заедно да ја спасат земјата од некогашниот непријател кој се приклонил кон мрачната страна.
Да се потсетиме,првиот филм „Фантастичната четворка“како игран филм своја верзија имаше во 2005 година.Во таа верзија од пред 10 години настапија неколку познати актери како:Џесика Алба,Крис Еванс,Кери Вошингтон и други.И обата филмови се реализирани според стриповите на Марвел.Интересно е да се спомене дека иако филмот не ја има доживеано својата премиера,веќе е најавено неговото продолжение за 2017 година со учество на истата акерска постава.
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА РИКИ
Џонатан Деми,режисерот на еден од најдобрите филмови на сите времиња „ Кога јагнињата ќе стиввнат“,Диабло Коди,сценаристот на еден од најфалените филмови на почетокот на 21 век „ Јуно“,Мерил Стрип ,една од најдобрите актерки на сите времиња и Кевин Клајн ,еден од најомилените актери во последните 30 години, ја предводат екипата пред и зад камерата на потенцијалниот филмски хит „ Подгответе се за Рики“кој својата премиера ќе ја има истотака на 7.август.
Тројната добитничка на оскар,Мерил Стрип, во овој филм се појавува во една сосема нова улога-играјќи рокерка,односно пеачка и гитаристка на сопствениот бенд „Д`Флеш“.Нејзиниот некогашен сопруг(кевин Клајн) и` се јавува за да и` каже дека нивната ќерка се наоѓа во назавидна положба откако ја оставило нејзиното момче.Рики, гитаристката која се откажала од се`,па дури и од сопственото семејство како би можела да го оствари својот сон за рокерска слава-сега се враќа дома за да се обиде да ги исправи своите односи во сопственото семејство.Покрај Кевин Клајн и Мерил Стрип во филмот настапуваат уште и Рик Спригфилд и Мами Гамер во улогата на ќерката на Рики,која пак во вистинскиот живот е ќерка на Мерил Стрип.
ТЕМНИ МЕСТА
Филмот „Темни места“ предтавува трилер драма со елементи на мистерија.Филмот ево режија на Жил Паке-Бренер кој воедно е и автор на сценариото кое е напишано според истоимениот роман на Џилијан Флин. Во филмот настапуваат Шарлиз Терон, Кристина Хендрикс, Николас Хоулт и Клои Грејс Морец.
Филмот својата премиера во кино салите во САД ќе ја има на 7 август.Својата светска премиера филмот ја имаше на 8 април 2015 година во Франција.
Дејствието на филмот е сместено во Канзас и ја следи приказната на Либи Деј (Шарлиз Терон), единствениот преживеан сведок на ужасниот масакр во кој страдаат нејзината мајка и сестри. Верувајќи дека колежот бил дел од сатанистички култ, Либи сведочи на суд против сопствениот брат. Дваесет и пет години по убиството, таа и понатаму е прогонувана од ужасното насилство на нејзиното минато, кога таа ќе сретне група на аматерски истражувачи кои се себеси се нарекуваат ” Клуб на убијци”. За да ја задоволи нивните морбидна љубопитност, групата започнува сопствената истрага за случајот, верувајќи дека братот на Либи е невин. Со цел да им помогне, Либи мора да ги обелодени болните сеќавања на настанот за да осознаат дека нејзиното минато не може да биде она што се чини дека е.
ЧОВЕКОТ НА У.Н.К.Л.А.
Познатиот англиски режисер Гај Ричи,кој покрај со неколкуте интересни филмови се прослави и како еден од сопрузите на Мадона,на 14. Август ќе го престави својот најнов филм,авантуристичката акциона комедија „ Човекот на У.Н.К.Л.А.“.Главните јунаци во филмот се Наполеон Соло и Иља Курјакин , инаку агенти на организацијата У.Н.К.Л.А. , во текот на раните 60 ти години од изминатиот век.Тие двајца тргнуваат во мисија за разбивање на една таинствена меѓународна банда, која настојува да го дестабилизира кревкиот баланс на силите,на трговијата со нуклеарно оружје и технологија…Единствена трага која ја имаат агентите е ќерката на исчезнатиот германски научник, кој е „ клуч“ за инфилтрирање во криминалната организација,. А, тоа е единствениот начин за да ја спречат светската катастрофа која доаѓа…
Филмот е темелен врз истоимената телевизиска серија од 1964 година.Во филмот главните улоги ги толкуваат:Хенри Кевил,Арми Хамер,Алисиа Викандер ,Хју Грант и други. Во филмот настапува и некогаш познатата фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам
ХИТМЕН : АГЕНТОТ 47
Во 2007 година ,режисерот Ксавиер Генс го потпиша филмот „ Хитмен“ во кој настапија :Тимоти Олифант,Дагреј Скот, Олга Кириленко, Роберет Кнепери Урлих Томсен.
Осум години подоцна една сосема нова екипа го направи филмот„ Хитмен:агентот 47“ овој пат во режија на Александар Бах во кој главните улоги ги толкуваат:Захари Квинто,Руперт Фринд, Кириан Хиндс, Томас Кричманд ,Хана Варс и други. Овој акционен трилер, всушност преставува продолжение на доживувањата на елитниот убиец познат единствено по бар кодот истетовиран на неговиот врат.Тој е генетски модификуван и обдарен со неверојатна сила,брзина,издржливост и интелегенција.Неговата последна мета е една мега корпорација која се заканува дека ќе ја разоткрие тајната на неговото исчезнување, за да можат сами да развиваат сопствена војска од супер убијци.Здружувајќи се со една млада жена, која истотака ја знае тајната како да се оневозможи војската на убијци, агентот 47 ќе се најде во конечната пресметка против оние кои се исти како него…
РЕГРЕСИЈА
Познатиот чилеански режисер и сценарист Алејандро Аманебар кој направи интернационална кариера по успехот на неговиот филм „Другите“ со Никол Кидман во главната улога,кон крајот на месец август(28 август) ќе се престави со својот најнов филмски проект именуван како „ Регресија“. Се работи за трилер со елементи на хорор во кој главните улоги ги толкуваат младата англиска актерка Ема Вотсон ,која се прослави со ликот на Хермиона во серијалот филмови за волшебникот Хари Потер и Итан Хоук,актер кого го паметиме по голем број на улоги а особено по трите романтични драми со Џули Делпи како негова партнерка но и по еден од неговите последни филмови „Детството“ на режисерот Ричард Линклејтер со кого често соработува.
Дејствието на филмот„Регресија“ се случува во Минесота во 1990 година.Детективот Брус Кенер го истражува случајот на младата Анѓела која го обвинува својот татко Џон Греј за сексуално злоставување.Џон неочекувано ќе ја признае вината.Психологот доктор Рајнс е испратен да му помогне на Џон да го врати сеќавањето на трауматичниот настан.Она што ќе го открие ќе биде една од најстрашните национални мистерии.Во истовреме,локалните новинари откриваат дека една сатанистичка секта изведува оргии,убивање на животни, па дури и на новороденчиња во околината, и дека тоа трае веќе со години.
Автор: Ѓоко Симјаноски/ Публицитет.мк