Во Словенија сличен модел постои од 2008 година.
Кај нас не помина идејата на Министерството за економија од пред неколку години во Законот за стечај, освен одредбата за фирмите, да биде ставена и таа за граѓаните. Се разгледуваше словенечкиот модел, според кој стечај се прогласува за долг од 2.000 евра. Идејата не стигна ни да биде разгледувана од Владата.
Мислењата за воведување на оваа мерка се поделени. Едни експерти во личниот стечај гледат вистинско решение за граѓаните чии буџети се исцрпени и немаат друг излез, а други сметат дека вакви мерки неможат да поминат кај нас.
А од друга страна по се изгледа многу граѓани кај нас се „печени“ за личен стечај. Освен што расте задолжувањето на граѓаните во банките, растат и нивните минуси на сметките.
Според податоци на Народната банка, во март годинава минусите на тековните сметки на граѓаните, пораснале за нови два милиони евра, со што сега вкупната сума на нивните минуси е 94 милиони евра.
Според податоците на Народната банка на Македонија во мај бројот на блокирани сметки по различни основи кај граѓаните изнесува 170.000.
Од почетокот на годината бројот на блокирани сметки кај граѓаните е зголемен за околу 24.000.
Извор: е.Магазин.мк
Посетеност: 39