• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Која е баба Пола од Трпејца? Таа и во документарецот и сега не дава да се смени името – Македонија

август 4, 2016
in Филмољубие

 Баба Пола – Поликсенија Стојаноска од Трпејца е родена 1930 година во време на гумната ( август ) Се’ уште е доволно витална и со задоволство прифати да зборува со нас. 

pola

 

 Со клик на линкот слушнете го разговорот со Пола Стојаноска од Трпејца. Разговараше: Милчо Јованоски: 

По прикажувањето на документарецот ИМЕТО СИ Е ИМЕ  ширум светот, меѓу највпечатливите ликови во него  секако е ликот на баба Поликсенија.  Нејзиниот  лик се наоѓа и на официјалниот плакат – пропаганден материјал на филмот. Таа нејзина уверливост и бранење на ставот дека името на земјата Македонија не смее да се менува ни го повтори и при средбата деновиве во Трпејца. 

Наместо кај стариот мост баба Пола овој пат ни зборуваше седната на високо на една од терасите на кафеаната „Рибар“ сопственост на нејзиниот син Живко. Оваа 86 годишна старица ни раскажуваше за животот во Трпејца пред и по војната, за младоста и раната мажачка на 15 години, за свадбите ,ама и за своето име и за внуците Колче и Климе и за нивните деца – правнуците со кои најмногу се радува. 

Ни кажа дека имаат копија од филмот и голема фотографија ама дека таа не го видела. Со насмевка ни кажа дека мнозина ја препознаваат кога ќе слезе во кафеаната и не и беше чудно што ние од Публицитет.мк ја побаравме за одблиску да чуе светот која е бабичката која не го дава името на својата татковина. 

DSCN0965

Ја прашавме дали постои рецепт за долг живот и храна што ја одржала витална, за погледот на животот денеска од кој е задоволна, но и за тагата за времето минато кога била млада …

 

Инаку, филмот ИМЕТО СИ Е ИМЕ  досега е прикажан  во Австралија, Северна Америка и Европа, како и кај нас. 

Документарниот филм е снимен во 2008 и зборува  за една нација која е заложник поради сопственото име. Тој е реализиран во меѓународна соработка со режисер од Исланд, американски продуцент, наратор од Британија и музика од меѓународни и македонски поп ѕвезди вклучувајќи го и Норвежанецот Мортен Харкет од групата А-ха.

ime si e ime

Режијата е на Сигурјон Еинарсон, а филмот во целост може да се види на јутјуб каналот со превод и на македонски. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 77
Share
Previous Post

Со д-р Петар Поповски,истражувач отворено за науката, за Македонија, патриотизмот и личните предизвици

Next Post

Според кинеската медицина: Што oзначува болката во секој дел од телото?

Next Post

Според кинеската медицина: Што oзначува болката во секој дел од телото?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 77

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk