Американската компанијата „Кока-кола“ го прекина рекламирањето на социјалните мрежи на глобално ниво во времетраење од најмалку 30 дена.
„Во светот нема место за расизам и нема место за расизам на социјалните мрежи. Од 1 јули, компанијата „Кока-Кола“ ќе го стопира платеното рекламирање на сите платформи на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена“,вели извршниот директор на компанијата „Кока-Кола“, Џејмс Квинси, во соопштението до медиумите.
Од компанијата велат дека овој пат ќе ги преиспитаат стандардите и политиките за рекламирање, со цел да утврди дали се потребни ревизии во внатрешноста. Оттаму соопштуваат дека ќе очекуваат поголема одговорност, акција и транспарентност од нивните партнери да ги ослободат платформите од омраза, насилство и несоодветна содржина.
Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, изгуби седум милијарди долари поради бојкотот на реклами на таа социјална мрежа.
Освен Кока-Кола, Херши и Хонда се уште две нови големи имиња кои го бојкотираат Фејсбук и ги повлекуваат сите нивни реклами од Фејсбук и Инстаграм. Пред нив, истото го сторија и компаниите Дав, Липтон, американскиот оператор Веризон, Патагонија, Апворк, РЕИ, Норт Фејс, групата Инилевер и повеќе од 120 компании.
Публицитет.мк