Драг колега Диме Ти благодарам за честитките. Од мене и тимот на „Публицитет .мк“ искрени поздрави!
СО ПЛАТНОТО НА БИЛЈАНА И ВИНОТО КАВАДАРЕЧКО-ОХРИД ВИА КАВАДАРЦИ
Виното и грозјето низ вековите не само што имале големо економско значење за животот и егзистенција на населението од овој крај, тоа во голема мерка се проткало во душата, во неговото битие, во културата, верата, обичаите. Старите латини многу често ја користеле поговорката ”Ин вино веритас” – (Во виното е вистината), многу мудра поговорка која кажува дека виното, односно кога некој ќе го консумира, тогаш тој ја отвара душата и кажува работи што вообичаено не би ги кажал.
Еден од главните традиционални обичаи, кој масовно се прославува во целиот тиквешки крај, е почетокот на закројувањето на виновата лоза или верскиот празник Св, Трифун, кој покрај ритуалот на закројување на неколку лозови прачки продолжува да се слави со свирки и песни, посакувајќи од заштитникот на лозарството богата и бериќетна година.
Тиквешкото вино и грозје народниот пејач ги има опеано во голем број изворни македонски народни песни во кои е опеано убавото тиквешко грозје, вино и ракија. Една од најпознатите изворни македонски народни песни во кој се опеани тиквешките винари и вино е „Билјана платно белеше”, во која е опеана убавата мома Билјана, која ги моли тиквешките винари од месноста “Белград” да не и го газат платното. Првичната верзија на песната која ја пееле старите охриѓани била вака:
Биљана платно белеше И бистра, љута ракија!
На Илинските извори -Винари белограѓани,
Оздола идат винари Не ви сакам виното,
Винари белограѓани Тук ви го сакам момчето
Винари белограѓани Што напред тера карванот,
Кротко терајте карванот Турило фесче над око
Да не ми платно згазите И мене гледа под око –
Платното ми е даровно -Биљано моме убаво,
За зетовска кошула, Момчето ни е свршено-
За деверите марами. За него вино носиме,
Ако ти платно згазиме Недела ќе го жениме!
Со вино ќе го платиме
Песната е испеана од Петар Шанданов од Охрид и е една од најстарите верзии на оваа песна. Споменатите винари белограѓани се винарите од некогашната населба Белград на околу 4 километри источно од Кавадарци. Во оваа месност и денеска се’ уште постојат остатоци од некогашната населба Белград и мноштво антички стели, питоси и рељефи со престави на винова лоза и грозје. Тука и денес се наоѓаат најубавите тиквешки лозови насади.
Петре Камчевски
Димитар Мурџев
Колега Милчо неке е честита првата годишнина од порталот
Скромен придонес од мене. Знам дека овој текст ќе го надополниш со уште твои зборови за да го дообликуваш.
Поздрави од Кавадарци
П.С.
Се’ е кажано , нема што да се додаде и одземе… Благодариме!