Колекцијата од девет фотографии од исто толку фотографи од Македонија од страна на ФИАП престижната светска организација на фотографи и меѓународното стручно жири го освои високото деветто место.
Две од фотографиите се дело на уметничките фотографи Лазар Коњаноски и Зоран Вељаноски – Летра од Охрид.

-Ова е најголем успех на македонските фотографи, колективно досега. Наградата е потврда дека Македонија има талентирани фотографи изјави за Публицитет. мк доктор Лазар Коњаноски, претседател на фото клубот „Охрид“ .
Наградената колекција беше претставена на изложбата организирана во Крива Паланка , а ја отвори градоначалникот Арсенчо Алексоски.

Фото сојузот на Македонија викендов во Куманово со посебна изложба ги одбележа 52. Денови на македонската фотографија на која беа претставени речиси сите фото клубови од државава.


Фотографите и овој пат не ги заборавија своите апарати, а Публицитет . мк фотографиите од овие настани ги доби благодарение на охридскиот фотограф Љупчо Паункоски кој не испушти да се дружи со колегите од цела Македонија.
Публицитет.мк






