• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Колку пари трошите за годишен одмор!?

јули 20, 2015
in Занимливости

Студијата “Европски летен барометар”, на Фератум груп, лидер во финансиските технологии и иновации во онлајн кредитирањето е направено меѓу 17 европски држави меѓу 5 685 домаќинства, за ставовите на европските семејства и споредувајќи ги нивните трошоци за планираниот одмор во текот на ова лето.

Податоците покажуваат дека во источноевропските земји релативните трошоци за одмори се многу повисоки отколку на Запад (со исклучок на Шпанија) и жителите имаат тенденција да се одвојат речиси половина од расположливиот приход на домаќинството за летен одмор. Естонија и Латвија се на челните позиции со над 60% од месечните примања, кои се одвојуваат за летниот одмор.

На крајот на листата се рангираат Данска и Германија, кои трошат најмалку (односно 27% и 28% од приходите). Со мала разлика по нив се северните држави и Обединетото Кралство, кои се поконзервативни во однос на парите, кои имаат намера да ги потрошат за летен одмор оваа година.

И покрај овие податоци целокупната ситуација во Европа е подобрена во однос на минатото лето. Повеќе од 30% од анкетираните домаќинства на Стариот континент планираат да потрошат повеќе пари во споредба со можностите во претходниот летна сезона, додека 40% имаат намера да потрошат сума еднаква на онаа од минатата година.

Најчесто европските туристи трошат за патувања во сопствената држава, кои изнесуваат 17% од расположливиот приход на домаќинствата. Шпанците одвојуваат најмногу за патувања низ родната земја (25%), следени од Литванија (21%) и Данска (20%). Шведска, Финска и Бугарија се подредуваат на 4-та позиција со 19%. Најстрасни патници зад граница ова лето се Холанѓаните и Британците (17%), проследени со Данците и Швеѓаните (15%), Германците (13%) и Бугарите (12%).

zabava

Втората по големина група летни трошоци се формираат од социјални активности како забава по барови, ресторани и трошење време на плажа. Повторно Шпанците се на челна позиција со 24% вложен износ во слични активности. Данците и Швеѓаните се исто така љубители на одењето на забави и ресторани (16%), проследени од туристите од Полска и Хрватска.

Европскиот Летен Барометар на Фератум груп покажува дека 12% од вкупните трошоци на Европејаните во текот на летото се прават за подобрување на домот, градината и освежување на гардеробата. Бугарите (21%) и Латвијците (19%) користат поволна време од сезоната за реализирање на проекти од типот “направи сам” и градинарство, додека Германците го прифатат како можност да потрошат 14% од своите приходи за нова летна облека. За големо изненадување летните фестивали и спортски настани всушност не се толку популарни, како што можеби се претпоставува. Само 5-6% од трошоците на Европејаните одат за слични настани.

Извор: Фактор.мк

Посетеност: 230
Share
Previous Post

Охрид, улица „Цар Самоил“ – дел од историјата на градот

Next Post

Почнува спроведувањето на договорот од Пржино

Next Post

Почнува спроведувањето на договорот од Пржино

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 230

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk