• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

КОНКУРС за запишување на студенти на прв циклус на студии Меѓународен Славјански Универзитет

септември 2, 2015
in Публицитет
Конкурс за упис на додипломски студии

 

Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високо образование на Р. Македонија (Сл.весник 35/2008) и Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет “Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија, Ректорската управа на ден 16.03.2015 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2015/2016 година и го објавува следниот

КОНКУРС

за запишување на студенти на прв циклус на студии
во академската 2015/2016 година на следниве факултети

Факултет за
економија
Факултет за
психологија
Факултет за безбедносно инженерство
Факултет за
информатика
Факултет за
правни науки
  • Менаџмент на организација (4+1)
  • Финансии и кредит (4+1)
  • Општа психологија (4+1)
  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)
  • Софтверски технологии (3+2)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+2)
  • Правни студии (3+2)

 

 
Број на студенти

 

 
Уписи со настава на македонски јазик

 

На Факултетот за економија и организација на претприемништвотона прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 300 редовни и 300 вонредни студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 70 редовни и 70 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.

На Факултетот за безбедносно инжeнерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

 

 
Уписи со настава на англиски јазик

 

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2015/2016 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.

 

 
Услови и критериуми за упис

 

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

 

 
Рокови за упис

 

Првиот уписен рок трае од 17.03.2015 година до 24.08.2015 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2015 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2015 година до 15.09.2015 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат и кандидатите со положена училишна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 15.09.2015 година.

 

 
Партиципација

 

dodiplomski

 

 
Документи за упис

 

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2015/2016 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна, училишна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ б.б.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на следниов меил: info@msu.edu.mk или на еден од следниве телефонски броеви:

+389 32 440 330, +389 32 440 202 – одделение Свети Николе
+389 47 222 503, +389 47 238 077 – одделение Битола

 

Посетеност: 151
Share
Previous Post

Како се создаваше ОМУ „Методи Патче“ во Охрид (4) ?

Next Post

Наскоро, од Австралија до Европа за 90 минути

Next Post

Наскоро, од Австралија до Европа за 90 минути

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 151

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk