НУ Центар за култура “Григор Прличев“-Охрид распишa Јавен оглас за избор на најдобра необјавена поема на македонски јазик
за 2015 година
Конкурсот се реализира по повод и во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ која се одржува во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид во месец февруари со поддршка на Министерството за култура.Јавниот оглас трае до 20-ти октомври 2015 година.
Темата на која можат поетите да творат е слободна, но понуденото дело не смее да биде помало од 912 стихови, конкурсот е анонимен, а за авторот на најдобрата поема ќе следува парична награда. За наградата ќе одлучува тричлено жири составено од стручни лица.
Сите заинтересирани автори своите поеми под шифра треба да ги испратат до НУЦК “Григор Прличев” – Oхрид, ул.Македонски Просветители бр.4, 6000 Охрид, со назнака за необјавена поема во 4-ри примероци, а 5-тиот примерок да го имаат за доказ.
Комисијата добитникот, односно шифрата ќе го објави најдоцна до 20-ти ноември 2015 година.
До овој февруари Конкурсот за избор на најдобра поема на македонски во чест на венценосецот Прличев заеднички го објавуваа книгоиздателството „Детска радост“ и охридскиот Центар за култура.
Публицитет.мк