• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Контактен стоматитис

октомври 18, 2016
in Uncategorized

Контактниот стоматитис се опишува како инфламаторна реакција на оралната мукоза предизвикана од контакт со иританти или алергени.

Често минува незабележан поради оскудноста на клиничките зраци кои најчесто се неманифестни за разлика од субјективните симптоми. Контактниот стоматитис може да се јави кај луѓе на секоја возраст, но многу е почест кај постарите лица. Нема предилекционен пол, освен за синдромот на вжарена уста кој е почест кај женската популација.
Најчести симптоми кои се јавуваат се следниве: вжарена чувствителност, болка, парестезија, вкочанетост, лош вкус, преголема саливација и периорално чешање.

stoma 1

Контактниот стоматитис може да биде последица на повеќе причинители меѓу кои се вбројуваат некои состојки од паста за заби, испирачи за уста и чистачи за заби (поретко), ароматични состојки (хлорхексидин, амониумски состојки), состојки од гума за џвакање, ароматични состојки (ментол), Прополис (голема чувствителност после орална употреба поради неговите антисептички својства). Како причинители се јавуаат и состојки од дентални реставрации и амалгамска пломба пропратена со живини компоненти (45-60%) и често злато, паладиум и платина, дентален цемент што се користи за затварање на пулпиниот канал, акрилни пломби поретко се проблем кај пациентите бидејќи полимеризацијата на смолата се јавува без контакт помеѓу полимеризираните акрилни маси (мономери) и оралната мукоза и крајно полимеризираните акрилати релативно се ослободени од алергени, состојки на денталните протези, металните протези можат да бидат ослободени од никелот, посебно заради ефтината изработка или корозијата. Никелот исто така е присутен кај денталните протези, мостови и коронки. Стоматитис предизвикан од акрилати е реткост, чувствителноста на акрилатот е општ проблем во стоматологијата и стоматолошката технологија. Топични медикаменти како антибиотици, анестетици, антисептици и стероиди може да предизвикаат осетливост. Гуми (ортодонтски еластомер, загризни шаблони) може исто така да предизвикаат чувствителност (Латекс алегијата не е ретка). Храната ретко причинува контактен стоматитис. Кај деца со атопичен дерматитис и кои имаат алергија на храна може да се развие контактна уртикарија со црвенило и едем на усните и стоматитис после контакт со храна (особено овошје). Состојки како што е прополисот, дериватите на колофониумот, состојки во козметичките препарати, кармини, балсами за уста можат да предизвикаат контактен стоматитис.
За конечно да се разреши дилемата на контактен стоматитис потребно е да се направат алерголошки тестирања т.е. patch тест. Диференцијално дијагностички може да се помисли на Lichen planus mucosae oris, хроничен пемфигус и бениген мукозен пемфигоид.

Медицинска грижа

stoma 2

Есенцијално важно е навремено да се острани причинителот на контактниот стоматитис. Поретко се потребни системски стероиди. Во едноставни случаи се забранети интраорални топични орални стероиди. Привремено олеснување на симптомите овозможува цицање на коцка мраз. Да се советуваат пациентите дека треба да избегнуваат зачинета храна. Да им се дадат инструкции за да одбегнуваат пијалоци и гуми за џвакање во случај на алергија на состојки за вкус. Топичните стероиди се терапија од прв ред. Расположливите средства содржат топичен гел, крем, паста, спреј, масти и испирачи. Генерално основните упатства за администрирање и употреба можат да се најдат во стандардните фармаколошки референци. Кортикостероидите се состојки кои имаат антиинфламаторен состав и длабок и разновиден метаболичен ефект. Кортикостероидите ја помагаат телесната имуна реакција за друг стимул.

       Д-р Кристина Стојаноска Алоска

       ПЗУ Стоматолошка Ординација

        „Д-р Сашо Стоев“

      www.drsasostoev.com

Посетеност: 143
Share
Previous Post

ЛОТОС ВИТА ЧИ : Болести на дишните патишта- чаеви и природни препарати-превентива и лек

Next Post

Трајко Вељаноски ги распиша изборите

Next Post

Трајко Вељаноски ги распиша изборите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 143

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk