• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Косаркоска: Во новиот мандат ќе бидеме уште поблиску до вас граѓаните, посветени на вашите потреби

септември 29, 2021
in Uncategorized
Косаркоска:  Во новиот мандат ќе бидеме уште поблиску до вас граѓаните, посветени на вашите потреби

Нашиот градоначалник Константин Георгиески е човек од акција и максимално посветен на интересите на Охрид. Постојано е на терен, го гледате секојдневно на улиците кои интензивно се реконструираат, помеѓу младите, на спортските и културните настани, низ чаршијата. Со еден збор тој е човек од народот, кој е насекаде каде има потреба, природен и непосреден. Како потврда за ова е и фактот што е воведен нов модел на отворена и услужна Локална самоуправа која подеднакво е посветена на сите граѓани, со високо и потврдено ниво на транапарентност во работењето, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник, проф.д-р Деса Косаркоска од коалицијата „Најдоброто за Охрид“.

Во претстојниот четиригодишен мандат ќе бидеме уште поблиску до вас граѓаните, посветени на вашите потреби. Воведуваме задолжителени редовни средби, секоја последна сабота во месецот, помеѓу градоначалникот и граѓаните. Воведуваме систем на побрза и полесна комуниакција со градоначалникот и Советот на Општината, преку дигитални системи и алатки, како и преку социјалните мрежи.

Воведуваме современа дигитализација која е средство за забрзана трансформација на администрација која е јавно отчетна, ефикасна и која ги поттикнува граѓаните да учествуваат во процесите на планирање и одлучување. Дигитализацијата, исто така, се однесува на поодговорна комуникација со граѓаните и достапност на документи во дигитална форма.

Ги унапредуваме проектите „Пријави проблем“ и „Ваш реонски општинар“ преку кои граѓаните можат да пријават проблеми или да се обратат за било каква потреба во општината. Воведуваме современ систем на поголема онлајн достапност до сите информации и документи и го зголемуваме бројот на дигитални општински услуги.

За нас граѓанскиот сектор е рамноправен партнер во демократскиот, политичкиот и социјалниот развој. Обезбедуваме услови за развој на граѓанското општество, услови за вклучување на засегнатите граѓани во сите релевантни теми за локалниот развој и имплементација на локални политики. Како коалиција нудиме реална програма и остварливи проекти посветени на сите граѓани, рече Косаркоска.

Публицитет.мк 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Пецаков: Стоп за неконтролираната урбанизација на Охрид

Next Post

Во Охрид нови 11 случаи со Ковид -19

Next Post
Во Охрид нови 11 случаи со Ковид -19

Во Охрид нови 11 случаи со Ковид -19

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk