Во Грејсленд, Мемфис, е отворен комплекс за забава, фокусиран на животот и кариерата на кралот на рокенролот Елвис Присли.
Комплексот се протега на површина од 186.000 квадратни метри. Тој опфаќа изложба за иконата на рокенролот Елвис Присли, музичка сцена, два ресторана и продавници.
Џоселин Белантр, која е голем Елвис-фан, вели:
„За вакво нешто сонував со години. Изненадена сум што е изграден сега, 40 години подоцна. Кога Елвис почина не можев тоа да си го замислам. Мислев дека мојот живот завршил, дека мојот фан-клуб ќе се затвори и дека животот ми е загубен. Но по толку време јас сум сѐ уште овде, мојот фан-клуб е сѐ уште голем и тоа е чудо. Јас живеам во чудо секој ден со Елвис.“
Елвис Присли почина на 16 август 1977 година, на 42-годишна возраст.
Извор: www.dw.com