Денеска пратениците во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за предлогот на Владата кризната состојба на јужната и северната граница да се продолжи до 15 јуни 2016 година поради бегалската криза.
По владиното определување и указот на претседателот на државата за прогласување кризна состојба за еден месец што истекува денеска, сега само Собранието има право да ја продолжи одлуката. Предлог-одлуката на Владата за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба веќе е испратена до Собранието и се очекува утре да биде изгласана по скратена постапка.
Кризната состојба може да се прекине и пред тоа, доколку состојбата со бегалците се надмине.
Бројот на бегалците кои доаѓаат во регионот постојано се зголемува.
Извор: mkd.mk