Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР.
Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 септември, понеделник овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото “Партнерство за мир – достоинство за сите” и во Охрид.
Маршот ќе се одвива по ул:” Кеј Македонија” до крајната дестинација-плоштадот, т.е. пред споменикот “Св.Климент Охридски”.
Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата ( стара дирекција на “Гранит” ) , во 11 : 00 часот.
Централно место на прославата во Охрид ќе биде на плоштадот „Св.Климент Охридски“.
Планирано е да се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк. На собирот че биде прочитана пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун.
Ќе следат обрачањата на претставник на локалната самоуправа – Охрид и на потпретседателот на СБ од Охрид и Дебрца – Никола Стефаноски. Ќе има и културно-уметничка програма.
Покрај борците и граѓаните продолжувачи, на маршот се повикуваат масовно учество да земат претставниците на АРМ , пензионерите, учениците, студентите, претставниците на Политичките партии, Невладините организации и здруженија на граѓани.
Публицитет.мк