Заврши и редовниот осми состанок на главниот координативен кризен штаб, преводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.
На денешниот состанок, се дискустираа серија на мерки и препораки кои како предлози ќе се најдат на денешната владина седница, а произлегуваат од Комисијата за заразни болести, ресорните министерства како и Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, кои реферираа во врска со актуелните состојби во изминатото деноноќие.
Сосема е извесно дека ќе се преземаат и поригорозни мерки во однос на справувањето со ширењето на корона вирусот. Се очекува, да се ограничи и движењето на повозрасната популација над 65 години, како и на младите до 18-годишна возраст, со цел, да се намали бројот на заболени со корона вирус.
Инаку во земјава до 12 часот денеска се регистрирани вкупно 136 заболени, или 22 новозаболени во текот на последните 24 часа. Две лица починаа како резултат на вирусот.
Публицитет.мк