Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата.
По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, објави министерот Филипќе на својот ФБ профил.
Според споделената табела во колоната – починати пишува 2 со што се потврдуваат написите на одделни медиуми дека на Инфективна во Скопје од Ковид -19 синоќа починал маж од Дебар.
Публицитет.мк