Драмата „Мачка на вжештетниот покрив од ламарина“ од светски познатиот Тенеси Вилјамс, која доживеа и своја филмска верзија – текстуално носи сосема други пораки и мнозина и денес во светот на театарот ја доживуваат како несекојдневна претстава.
А нам насловот „Мачка на вжештениот покрив“ само ни асоцираше на ситуацијата од фотката што ја објавивме, и која слободно може да се нарече „Кучиња на црвените охридски керамиди“.
Ете и тоа го има ако досега мачките господареа со покривите сега и кучињата ја чуваат својата територија и љубопитно сакаат да залаат и да ѕирнат што тоа се случува низ охридското корзо.
Публицитет.мк