Традицијата продолжува КУД „Ѓердан“ и малите „Распеани ѓерданчиња“ и годинава настапија на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“.
Сите заедно ги собраа аплаузите на случајните домашни и странски гости и на намерниците кои специјално дојдоа да ги бодрат и да им дадат аплауз. Под раководство на Методија Бараковски тие изведоа четири постановки и традиционално го белеа платното на Билјана, а отпеаа и редица песни посветени на мајката во чест на празникот.
Фото: Емил Јовановиќ
Публицитет.мк