Во рамките на Еразмус програмата 10 ученици и еден ментор од средното училиште „Св.Наум Охридски“ и од Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“од Охрид и физиотерапевти од Македонија следниве пет дена ќе престојуваат во Рим, Италија.
-Ќе следи размена на искуства и знаења од козметички и фризерски вештини. Со нашите италијански домаќини во Рим ќе посетиме една болница и во одделот за онкологија ќе се обидеме преку општествено одговорна работна задача да ги разубавиме болните и барем за миг да им ја вратиме насмевката на лицето со цел да се почувствуваат среќни , вели за Публицитет.мк Сузана Наумоска од „Изда Спа“ и едукатор во дуално образование и практичен обучувач на ученици во охридското средно училиште „Св. Наум Охридски“.
Но соработката не застанува тука. Италијанска делегација од 18 луѓе од 24 до 28 март ќе дојде во посета на Охрид. Ќе бидат примени во општина Охрид, ќе ги посетат стручните училишта и дел од болниците во Охрид.
Публицитет.мк