Традиционално, летото е најиделаното време за турнеи на културно – уметничките друштва.
Играорците од КУД „Ѓердан“ деновиве беа во Полска и настапија на еден меѓународен фолклорен фестивал во градот Остров Великополски.
Уметничкиот раководител на друштвото Тања Узуноска – Тренеска освем што ни испрати фотографии ни кажа и дека „Ѓердан“ е поканет за учество на уште неколку меѓународни сцени.
Во Полска покрај голем број ансамбли од земјата домаќин на фестивалот учествувале и ансамбли од Украина.
Како младите од „Ѓердан“ си поминале на турнејата најдобро сведочат фографиите.
Публицитет.мк им сака успех и уште многу успешни претставувања надвор од границите на Македонија.
Публицитет.мк