• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Поетската ноќ во Велестово посветена на Веле Смилевски

август 15, 2015
in Актуелно

                           

На традиционалното место кај селската чешма на средсело синоќа во Велестово се одржа дваесет и седмата „Поетска ноќ во Велестово“.

„Велестово е чардак на небото. Или барем, најблиску до него. Велестово е најсветла ѕвезда во нашето големо соѕвездие затоа што таму седи Создателот и Содржателот на сѐ: на земјата и на водата, на радоста и на раѓањето, на вечноста и непроменливата вистина.“ рече големиот Петре М. Андреевски во една ваква ноќ пред многу години, кога се славеше неговото творештво.

„Велестово е, всушност, еден облик на поетско вдахновение и една свечена илуминација што грее надалеку. Можеби и затоа „Поетската ноќ во Велестово“ е единствена со толку висока светлина, “ ќе рече нејзиниот идеен творец и покренувач, поетот Славе Ѓорѓо Димоски, родум од ова село.

DSCN6213

 Манифестацијата во името на еден од покровителите Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев:

„Несомнено дека оваа дводневна церемонија е од огромно значење затоа што преку поезијата и ликовните изложби кои се одржуваат во нејзини рамки, ние ја покажуваме свеста за својата традиција и грижата за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање. Воедно со оваа манифестација селото Велестово безмалку три децении е културен центар на бројни поети и уметници од цел Свет.“  

         Годинава, на чардакот на небото, организаторот се определи да го претстави поетското творештво на поетот, романсиерот, литературниот критичар, есеист и доктор по филолошки науки,  Веле Смилевски.

rade vel

           За Смилевски прв беседеше поетот, есеист и книжевен критичар Раде Силјан, кој споделувајќи ги своите читања на поезијата на Смилевски рече:

„Веле Смилевски е автор на импознатен поетски и критичко –есеистички опус, високо вреднуван и од критиката и наградуван со престижни меѓународни и национални признанија, меѓу кои и со државната награда 11 Октомври за животно дело. Негови песни се застапени во антологиски избори од Современата македонска поезија, а неговите поетски книги се печатени и на повеќе странски јазици. Смилевски е автор кој изградил систем на вредности. Во своето богато поетско творештво застапува и поетско афористички израз со што чинот на уметничката порака се нагласува многузначно. Тој ја претпочита авантурата кон зборот.“

 Синоќа за творештвото на Смилевски беседеше и поетот, есеист, книжевен критичар и преведувач Санде Стојчевски.

„Не познавам друг наш поет освен Блаже Конески и можеби Влада Урошевиќ кој како Веле Смилевски не прекинато во автореферентетн занес и вознес пее песни за песната за нејзината природа и многуслојност и за многубројните нејзини лица и облици.“

vele so prijatelite

       Поетот за кого синоќа се беседеше во Велестово Веле Смилевски имаше импресивно и мошне емотивно обраќање кое изнуди долги аплаузи кај публиката:

„Сето ова што се случи вечерва ме потсетува на една синтагма на Блаже Конески која е во врска со творештвото на Марко Цепенков и вели: „Сладоста на муабетот“ Ете тоа е дел од таа парадигма на беседења која „Поетската ноќ во Велестово“ на инпресивен начин веќе трета деценија ја негува на чудесен сплет меѓу традиционалното и иновантното. Така вечерва ги доживеав и беседењата на моите генерациски сопатници и колеги. Бидејќи ништо не е случајно и моево доаѓање во овој божествен предел меѓу две неба што се потпира на митските столбови над езерската шир најверојатно не е случајно. Во првиот дел од името на селото Велестово е напишано моето име Веле. Простете ми ама сакам да верувам дека една од ѕвездите над Велестово е мојата ѕвезда.’  

vele

      Стихови од Смилевски читаа членовите на независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид.

smile i marina

      Традиционално, на „Поетска ноќ во Велестово“ и синоќа се отвори ликовна изложба. Славе Ѓорѓо Димоски го претстави творештвото на сликарот и архитект и почесен конзул на Монголија во Македонија, господинот Литов Намдаг Јанчивин. Тој присутните ги поздрави на течен и гласен македонски јазик. Сликите се изложени во просториите на старото училиште во Велестово.

mongolec

vele rade vide

Вечерва од 21 часот, во галеријата на старото училиште во Велестово, во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје, ќе се одржи промоција на зборникот „Меѓу две неба, песни за Велестово“. Во рамките на промоцијата свои песни за Велестово ќе читаат поети од Црна Гора, Бугарија и Македонија.

М.Јованоски/Публицитет/мк 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

Побуна на бродот „Баунти“

Next Post

КУД „Ѓердан“ го претставуваше Охрид во Полска

Next Post

КУД „Ѓердан“ го претставуваше Охрид во Полска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk