Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “Трет Милениум Скопје” четврта година по ред ја организира „Културната ноќ“ на Институтот за подготовка на глобални лидери.
Оваа година, свечената манифестација ќе се оддржи во Хотел „Изгрев“ Струга вечерва со почеток од 19:00ч. Партнери на настанот се Фондацијата за подготовка на глобални лидери од Вашингтон, Амбасадата на САД во Скопје, Винарија Тиквеш и ВИВАКС ДОО.
Ќе бидат претставени културите од шест континенти и на следниве земји: Аргентина, Австралија, Алжир, Бразил, Белорусија, Босна и Херцеговина, Боцвана, Канада, Хрватска, Египет, Гана, Италија, Индонезија, Индија, Јамајка, Казахстан, Киргистан, Македонија, Мексико, Намибија, Холандија, Србија, Сиера Леоне, Тринидад и Тобаго, Украина, Велика Британија и САД.
Публицитет.мк