Утре – петок Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“ ќе организира 2 јавни настани: улична театарска акција, која ќе се одржи во 12:00 часот, на потегот од Чинарот до лоштадот Св. Климент Охридски, и слем перформанс, кој ќе се одржи во 20:00 часот, на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“-Охрид.
Двата настани се финален продукт на иницијативата “Не биди мечка-разбуди се од зимскиот сон”, во рамки на која 2 групи средношколци од Охрид зедоа активно учество во уметнички работилници под водство на поетесата Елена Пренџова и актерите Јасмина Билаловиќ и Павел Маслов.
Работилниците и јавните настани во рамки на иницијативата се обидуваат да ги активираат младите надвор од училишните клупи и да ги поттикнат во културни и општествени иницијативи, истовремено нудејќи им културни и социјални настани кои вообичаено недостасуваат во животот на младите.
Иницијативата е дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно, вели актерот Павел Маслов, кој е дел и од Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид.






