Од денеска и официјално осамна нов мурал на ѕидот на НУ Библиотека “Григор Прличев” во Охрид како најава на третото по ред културно алтернативно лето во Охрид.
Иницијатори за овој креативен чин беа младите од Кулутролошката инцијатива „5 до 12“ од Охрид.
-Нашата организација продолжува да иницира артистички уредувања на ѕидни површини, кои премалку ги има во Охрид. Воочуваме дека има голем број млади кои, и тоа како, се заинтересирани за учествување на вакви уметнички активности. Сликите на ѕидот ги претставуваат настаните кои ги организираме во летниот период.
На овој Проект беа ангажирани: Стефан Жупан, Емилија Лазороска, Филип Малезанов, Елеонора Брдароска, Катја Жупан, како и голем број од нашите волонтери, вели Јован Цветкоски, претседател на Културолошката иницијатива.