Лена Трајковска интерпретатор на македонска забавна музика. Жената со флејта и специфичен глас.
Повозрасните генерации сигурно така ќе се потсетат на Лена од ТВ екраните и нејзините настапи по фестивалите.
Мнозина можеби кога ќе слушнат по некоја нејзина песна на Македонското радио – радио Скопје или на Јутјуб каналот со носталгија за миг ќе се прашаат: – Каде е, каде отиде Лена? Што се случи со нејзината кариера и ќерка и’ Лина?
Одамна е јасно дека светот е мал. „Публицитет. мк“ со помош на нашите читатели Наде и Миле Ристевски по потекло од Охрид,а први соседи на Лена во Перт, разбравме речиси се’ за неа и нејзиниот живот. Таа во дописот ни рече: – Ве молам не заборавајте ми ги моите од семејството Ристевски тие мене и на Лина ни се семјство од првиот миг кога стигнавме во Перт. Заедно сме секој ден ги обожувам,а чувствувам и тие мене!
Со соседите Наде и Миле Ристевски
Лена Трајковска живее во Австралија цели 25 години. Во Перт е зашто како што ни рече – климата таму најмногу ми одговара,а се најдов и во професијата. Таа работи во сопственото училиште како професор по музика,а е основач и директор и уметнички директор на фестивалот за деца „Голден коала’ кој ја „нижи“ втората деценија од постоењето. Нашите прашања испратени по електронска пошта стигнаа,а за нецел ден и нејзините одговори. Фотките некаде заглавија над окенатите ( се шегуваме) ама ние од Публицитет. мк сами направивме избор од нејзиниот ФБ профил . Се надеваме Лена дека ќе биде задоволна од нашиот фото избор.
Лена, кусо и искрено за себеси.
-Живеам во Перт веќе 22 години, пред тоа три години бев во Сиднеј. Во Перт се преселив поради прекрасната клима и работата
До 2005 година работев во едно средно училиште, а од тогаш наваму во основно, каде што ми е многу полесно да наоѓам талентирани деца за мојот мултикултурен фестивал „Голден Коала“ ( тоа име му го дадов бидејки ме асоцираше на нашето „Златно славејче“).
Годинава фестивалот ќе слави голем јубилеј 20 години од постоењето. Сите овие години се одржува под мое раководство како продуцент, директор и музички директор.
За македонската естрада и вклопувањето во Австралија
-Многу ми недостига нашата естрада која за жал мислам дека не знаеме да ја цениме . Ова го велам, бидејќи кога и да завртам македонски ТВ канали ја гледам Лепа Брена и уште некои жени со вградени силикони.
Од мојата поранешна кариера извлеков големо искуство што на самиот старт ми помогна многу овде во Австралија. Имено, една цела недела во Перт на Канал 7 секој ден се емитуваше мојот спот за песната „Носталгија“ изведена на еден од скопските фестивали. Таа ми ги отвори вратите на овдешната естрадна сцена. Имав прекрасни настапи и за тогашниот премиер на западна Австралија, а исто така и солистички концерти каде што за прв пат австралиската публика слушна за македонската забавна музика, но за жал на тие концерти најмалку имаше Македонци, бидеки тогаш беше многу популарен кај нашата популација македонскиот фолк.
Семејството Ристевски од Охрид, во Перт – соседи на Лена , таа е фотографот.
Среќана сум во Австралија се пронајдов себеси!
-Со текот на времето се повеќе ме интересираа младите генерации талентирани деца и почнав се’ повеќе да се занимавам со едукативна работа во моето приватно студио каде што предавам флејта ,клавир и се разбира пеење. Среќна сум што се доселив во Австралија бидејќи тука навистина се запознав себеси и колку можам да оставм зад себе и да им пренесам знаења на младите генерации.Наскоро од печат ќе треба да излезе и мојата книга, па така да оставиме простор и за следно дружење со Публицитет.мк
Со ќерка и’ Лина
И додека сите копенат по Австралија , Лена мисли на Македонија
Што се однесува за Македонија, тагувам и се надевам дека во догледно време ќе се вратам, бидеќи ќерка ми Лина е на прекрасен пат и со прекрасна музичка кариера.
Taa e позната и многу наградувана флејтистка не само во Австралија , туку и низ светот. Заедно со својата музичка трупа во мигов е на турнеја по Ирска и во Даблин, а наскоро ќе настапи и во Лондон и во Литванија. Но, тоа е нејзина приказна. Како мајка толку би кажала за неа.
Милчо Јованоски /Публицитет.мк
Фото: ФБ профил на Лена Трајковска