• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

НБМ пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели

септември 9, 2015
in Тикер

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Владимир”, „Наталија“ и „Олга” од серијата „Ден на Ангел“. 

 

 

Кованата пара „Владимир“ 

–          на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.

–          на реверсот, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на свети Владимир – Владимир I, великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел во античките времиња, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. На долниот дел од монетата е прикажана црквата на кнезот Владимир во Лужники (Москва) во близина на реката Москва. На левата страна е прикажан замок – симболот на св. Владимир. Замокот е одделен од својот одраз во водата со името „Владимир“ напишано на македонски јазик. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, коj наликува на зелен јаспис (среќниот камен на св. Владимир), како и натписите: „Ден на Aнгел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.

Кованата пара „Олга”

–            на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.

–            на реверсот, во средишниот дел од монетата е претставен ликот на светата рамноапостолна Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор. Кнегињата Олга била првата жена владетел во Русија и првата владетелка на Русија која го прифатила христијанството. Таа била канонизирана како прва руска светителка од православната црква. На десната страна е прикажан леопард – симболот на св. Олга. На левата страна е вметнат жолт кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Олга (килибар). На десната страна е напишано името „Олга“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажани натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.

Кованата пара „Наталија” 

–          на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.

–          на реверсот, во средишниот дел од монетата е претставена слика на света Наталија од Никомидија – ранохристијанска маченичка (почеток на IV век), сопруга на маченикот Адријан од Никомидија. На долниот дел е прикажана црквата на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, која се наоѓа во областа Добрјански (Русија), изградена на бреговите на реката Кама. На десната страна е прикажано семејство ежoви – симбол на името на Наталија. На левата страна е вметнат црвен кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Наталија (хелиотроп – крвав камен). На десната страна е напишано името „Наталија“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажани натписите: „Ден на Aнгел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, во овална форма со димензии од 30 х 50 мм, полирани со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ со димензиja 2,6 мм

Цената на кованите пари „Владимир“, „Наталија“ и  „Олга“ изнесува 3.500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Извор: think.mk 

Посетеност: 162
Share
Previous Post

Лена Трајковска – Каде е, што прави денес?

Next Post

Четкар не мирува- Ќе промовира нов спот

Next Post

Четкар не мирува- Ќе промовира нов спот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 162

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk