Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го посети четвртиот Летниот камп „Ја сакам Македонија” кој се одржува во Охрид, а е организиран од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
„Овој проект е еден од најзначајните проекти, Македонија е витална колку што е витален македонскиот јазик и не само во РМ, туку особено од страна на оние кои живеат надвород од неа. Како министерство вложуваме толку многу енергија и сакаме проект да го развиваме во иднина. Се носиме со идеја да го прошириме и со зимски камп и вклучување на камп за средношколци кои би го изичувале или усовршувале макеоднскиот јазик, рече министерот Попоски на средбата со новинарите.

При посетата министерот Попоски одржа предавање пред учесниците на кампот, а им врачи и благодарници за учеството. На кампот учествуваат 50 деца од Заедниците на Македонците од соседните држави на Република Македонија, од балканските земји и дијаспората.
Активностите на Летниот камп ќе бидат заокружени утре со квиз натпревар, турнир во мал фудбал и завршна приредба на која учесниците – ученици ќе се претстават со свои точки од областа на културата.
Публицитет.мк