The Bulbs се локален бенд, којшто во последниот период прави “растур“ во охридските кафулиња. Вокал, а воедно и менаџер е Дејан Спасиќ, којшто е сега четврта година на факултет за туризам, а Мартин Милески (којшто прави предобри ковери на песни на неговиот YouTube канал) и Виктор Јолакоски се средношколци, кои имаат особено голем талент за свирење гитара. Зад себе имаат голем број успешни и посетени свирки, затоа нашиот тим од Публицитет.мк одлучи да седне на едно кафе со нив и да им постави неколку прашања.
- Како дојдовте до идејата за основање на групата?
Дејан: Јас и Мартин заедно работавме во еден бенд, којшто се распадна. Еден ден бевме излезени на кафенце во Aquarius и решивме да си основаме сопствен бенд. Мартин тогаш го познаваше Виктор и го предложи и него за да стане дел од групата.
- Каде беше вашата прва свирка?
Мартин: Тоа беше во Irish Pub- Балабан, мислам дека беше на 26-ти ноември минатата година.
- Каде најчесто имате свирки?
Дејан: Најчесто свирките ни се во Охрид.
Мартин: Сме настапувале и во други градови.
Виктор: Сме биле и на фестивали, на пример на „Преспа Фест“ во Ресен. Како и на промоции на книги, на приватни забави итн.
- Каков тип музика свирите?
Виктор: Најповеќе поп-рок музика, било странска или македонска.
- Кои се вашите идоли?
Виктор: Тоа би биле Курт Кобеин, Ерик Клептон и Џими Хендрикс.
Дејан: Мои идоли се Тоше Проески и Џејмс Хетфилд.
Мартин: Мој идол е Џон Петручи, никако не можам да ги заборавам Влатко Стефаноски и Дамјан Пејчиноски.
- Дали имате трема пред настап?
Дејан: Трема на почетокот имавме, но со тек на време, после две-три свирки се навикнавме.
- Ако имате едно нешто да и` кажете на вашата публика, тоа би било:____?
Мартин: Најпрво фала ви на поддршката и што ве имаме во олкавав број;
Дејан: На поддршката што ни ја давате на социјалните мрежи исто така и што секогаш присуствувате на нашите свирки;
Мартин: Токму така, бидејќи е многу тешко да се направи една свирка кадешто ќе дојдат многу луѓе, а нашите фанови секогаш присуствуваат на свирките наши.
Дејан: Не би било тоа- тоа без вас.
- Кои се ваши идни планови?
Дејан: Евентуално, да направиме студиска верзија на некои од инструменталите во бендот и да ве изненадиме со наша, целосна, авторска песна.
- Порака до читателите на Публицитет.мк?
Дејан: Најпрво, би им препорачал да се запознаат со нас на фан- страницата којашто ја имаме на фејзбук. Исто така, слободно да повелат на една од нашите свирки, за заедно да пееме и да се забавуваме.
Нам ни останува да иим посакаме само се` најдобро на овие талентирани момци, да продолжат со тоа што го прават, да ги постигнат нивните зацртани цели и да не забавуваат со уште многу свирки.
На Вам, читателите Ви предлагам да ја посетете нивната фејзбук страница ( линк: https://www.facebook.com/thebulbsoh ) и да станете уште еден фан на овие млади таленти.
Дамјана Видическа/ Публицитет.мк