Лидерот на СДСМ Зоран Заев е во Охрид, дознава Публицитет.мк.
По денешната средба со локалното раководство, членството и граѓаните вечерва Заев се очекува да присуствува и да зборува на најавената трибина со граѓаните насловена „Визијата за Македонија“.
Овој проект Социјалдемократите го промовираа деновиве во Скопје и според најавите тој ќе биде основата на идната програма на партијата доколку таа победи на изборите во април 2016 година.
Вечерва од 19 часот во хотелот „Ривиера“ СДСМ ќе го промовира првиот столб кој според нив ќе обезбеди одговорна власт и нејзина контрола.
Публиците.мк