Редакцијата одлучи за ФОТО НА НЕДЕЛАТА овој пат да ја објави фотографијата на нашата читателка Лидија Стефановска.
Лидија е родена во Тетово а веќе подолго време живее и твори во Охрид.
Зад неа е една стихозбирка под наслов „Време привидно“ а во подготовка и е втората книга со поезија. Како што ни рече објавува свои творби во повеќе списанија, член е на Литературниот клуб при НУ Библиотека „Григор Прличев“ а во слободно време сака да фотографира.
Нејзината фотографија со кајчето скриено во трските ние ја нарековме „Музика на природата“ како и истоимената нејзина најнова песна што ни ја испрати за да ја објавиме.
На Лидија и благодариме,а ги охрабруваме сите наши проследувачи од Охрид, Македонија и ширум светот да ни испратат уметнички фотографии со кои ќе го збогатиме менито на нашиот веб портал.
МУЗИКА НА ПРИРОДАТА
1.
Понекогаш како дете,
газам со босите нозе по тревата.
Ги ширам рацете кон ветрот
и ја слушам музиката на природата.
Потем спружена
се препуштам на шумењето
на брановите под себе
и чувствувм како сè
околу мене се движи.
2.
Крај мене
едно мало куче лае
и ми го привлекува вниманието.
Трча по птиците во лет
мислејќи дека ќе ги стаса.
За миг и јас помислувам
оти можам од него да учам,
имитирајќи го неговиот лаеж.
3.
Ми недостасуваш тука,
пријателу,
во истата шумичка,
каде загледан во синевината
со мали облачиња
рече:Сега разбирам зошто
на плтната од Шагал
луѓе и животни во разни бои
лебдат на небото.
Публицитет.мк