Овој чај илјадници години се сметал за медицински чај чија улога за одржување и подобрување на здравјето е голема . Чајот главно се произведува во областа Јунан во југозападниот дел на Кина . Особена популарност добил во Тајван . Пу ер чајот се користел и се користи како лек.
Овој чај ја поддржува здравата дигестија и здравиот метаболизам .Тој е специјализирана форма на фементиран црн чај кој се употребува илјадници години за дигестивна благосостојба . Овој чај нуди жива рамнотежа на вкусови за подобрување на здравата исхрана , варењето и одржување на оптимална телесна тежина .
Пу ер чајот се употребува и за подобрување на менталната активност и за намалување на високиот холестерол .
Како всушност дејствува овој чај ?
Пу ер чајот во себе содржи кофеин иако не во толкава концентрација како другите црни чаеви но сепак во себе го има . Кофеинот по својот принцип дејствува стимулативно на централниот нервен систем , срцето и мускулите но тој исто така во себе има антиоксиданси и други супстанци кои помагаат во заштита на срцето и крвните садови.
Интересно е кога пу ерот се употребува за намалување на покачениот холестерол за разлика од другите чаеви кои не дејствуваат во таа насока .Тој во себе содржи хемиска супстанца – Lovastatin .Lovastatin –от е всушност медикамент кој се препишува за намалување на холестеролот па како тоа овој чај природно во себе го има? Во текот на одлежувањето на чајот(во својата пост ферментација) се создаваат бактерии кои за да можат да опстанат го создаваат Lovastatin – от и на тој начин тој станува вградива компонента на самиот чај.Исто така испитувањата покажуваат дека овој чај ги намалува и маснотиите во крвта викани триглицериди како и вкупните лоши липопротеини со ниска густина ЛДЛ – холестерол а во исто време да ги подигне добрите со висока густина ХДЛ – холестерол.
Добро и препорачливо е да се има и да се вклучи во секојдневната здрава исхрана .Ако сакате да бидете здрави и многу полесно да ја одржувате нормалната телесна тежина 2 шољи од Пу ер чајот се сосема доволни за тоа .
Се пие после оброк за да може да дејствува храната полесно и побрзо да се вари ( го забрзува метаболизмот) а маснотиите да не се наталожуваат .
Приготвување :
-200мл. зовриена вода
-1 кафена лажичка чај
Во стаклен сад се става чајот а потоа со мала количина зовриена вода се попаруваат и после 2-3 секунди таа вода се процедува и се фрла(тоа се вика миење на ливчињата –кај овој чај тоа е неопходно) а чајот се враќа во стаклениот сад каде се попарува со зовриената вода .Се затвора садот и се чека да одстои 2-3 минути . Потоа се процедува во шоља а ливченцата повторно се враќаат во стаклениот сад каде првично биле попарени .Овие ливченца можат на истиот начин да се употребат уште 4-5 пати со тоа што по секое следно попарување ( од 2-от пат па натака не е потребно миење на ливчињата ) треба да се продолжи времето на киснење за 1 минута.
Во чајот може да се додаде лимон или цимет или мед како засладувач но тоа е индивидуално,, сепак убавината и неговата специфичност е во неговиот единствен вкус и мирис .
Пу ер е чај кој навистина ќе ги задоволи и изненади и нај скептичните и најпробирливите затоа вреди да се проба .
Економичен , здрав и вкусен чај …Што повеќе Ви треба ..СЕ ВО ЕДНА ГОЛТКА ЗДРАВЈЕ…
СО ЛОТОС ВИТА ЧИ ДО ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
Публицитет.мк