Истражувачите го откриле и позитивниот ефект на чили за цревната микрофлора и неговата ефикасност при спречување на дебелината .
„Потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали употребата на лута храна има потенцијал за подобрување на здравјето и намалување на смртноста директно, или тоа е само маркер за други фактори на исхраната и начинот на живот”, пишува Фороухи.
Од друга страна, професорот по применета статистика Кевин Маккенвеј од Слободниот универзитет (Велика Британија) предупредува дека добиените податоци за жителите на Кина може да се неприменливи кон Европејците поради големите разлики во начинот на живот, исхраната, социјалните односи и друго.
Можно е клучен фактор да се покаже она што Кинезите го јадат или пијат истовремено со лутата храна, или особености во однесувањето што се карактеристични само за нив .
Во секој случај Маккенуеј забележува дека истражувачите пронашле врска помеѓу лутата храна и намалувањето на ризикот од смртност само кај учесници, кои воопшто не користеле алкохол.
Извор: 365.com.mk